Арсовски: Дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на Заеви?

На повидок е нова афера “Картелот Заеви”, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој во објава на Фејсбук тврди дека во меѓу луѓето кои биле инволвирани во денешната акција биле и лица блиски до врвот на власта.

-Иако МВР молчи и е во паника, неофицијалните информации кои стигаат до нас е дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис “Медикал 420”. Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на Премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп. Ниту една случајност, туку напротив, сѐ упатува до семејството, кои веќе се картел, Заеви и секако до власта на СДСМ. Прашањето кое во најбрз можен рок мора да биде одговорено од властите е дали во фирмата “Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев?, прашува Арсовски.

Вели дека во минатото се отворила фирма со слично име кое била регистрирана во соседна Бугарија.

-Дополнително, да потсетам дека фирма со име “Медикал 420БГ лтд” од овие двајца (Заеви) беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. За овие фирми на семејството Заеви во Бугарија јас лично имам говорено јавно. Дали ова е случајност или не? Да бидам директен, дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви?, прашува Арсовски.

Рече дека по ова нема да има преговори, туку виновниците ќе завршат в затвор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега