Апел за помош: Да му помогнеме на семејството Миткови од с.Габревци, Конче
Семејството Миткови од с.Габревци, Конче има потреба од нашата помош. Единствениот приход на ова семејство е тутунот, а социјалните служби „кренале раце“ од нив. Живеат во голема сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.
Валентина Миткова од с.Габревци, родена во с.Дамјан пораснува во сиромашно семејство. Моментално живее со сопругот Трајан и нејзиниот син. Кога се омажила за Трајан, западнала во уште поголема сиромаштија, сопругот и е болен и работнонеспособен. Секој ден им е потежок, едвај крај со крај врзуваат. Куќата им е многу напуштена и влага има насекаде. Таваните почнуваат да паѓаат, а немаат ни веце. Немаат парична помош од никаде, и социјалните служби кренале раце од нив.
Со нив е синот Ратко, и тој со години се лечи и е со нарушено здравје, има депресија. Парите што ги заработуваат од тутун ги даваат прво за лекови, а за леб што ќе се најде. Секој ден им е тежок, со надеж дека ќе биде подобро.
Се упатува апел до сите граѓани кои се во можност да донираат на сметката 3009971469003 - Валентина Миткова.
Екипата на Срце на дланка беше во посета на ова семејство, нивната приказна и условите во коишто живеат можете да ги погледнете во 10.38 минута од видеото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа