Апасиев: Ми го следат телефонот, ме следат мене физички

Од 7-ми јули сум ставен под ПИ-мерки. Ми го следат телефонот. Сега во Грција за четвртата партија како што е Левица, имаше афера каде што си дадоа оставки. Мене ме следеле физички, мислејќи дека имаме руски врски и со пари од Русија дека правиме протести пред Влада. Учени сме на ова, рече вечерва лидерот на Левица, Димитар Апасиев во емисијата на КАНАЛ 5 ТВ.

Тој потенцира дека „не се плашат“.


-Сега ЛДП се растура. Тоа се структури на владеачката партија, според мои информации. Зечевиќ од СДСМ е опасен играч и почна агресивно против Левица. Не им се плашиме воопшто, кажа Апасиев во емисијата „Само интервју“.

22.09.2022 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега