Антикорупциска со 150 евра го казни Ден Дончев

Антокорупциска го казни поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев со 150 евра.

И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

-Ги испитувавме ние и другите приливи, но тие податоци мислам дека треба и другите институции да ги проверат, бидејќи ние не можеме од Австралија да ги провериме сите тие трансакции. Затоа предлагам предметот да го затвориме и порекршочна санција да му се изрече на Дончев за неподнесување на финансиска состојба, изјави за Сител, членот на ДКСК Горан Трпеноски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега