Анкети: Макрон победник на претседателските избори, пред Пекрес и Ле Пен кои се изедначени

Доколку првиот круг од претседателските избори во Франција се одржи утре, актуелниот шеф на државата Емануел Макрон би бил 10 поени пред неговите двајца главни противници, ова според истражувањето на Ипсос-Сопра Стериа спроведено за Ле Монд, Фондацијата Жан Жорес и Цевипоф, јави дописникот на МИА.


Доколку првиот круг од претседателските избори се одржи оваа недела, Емануел Макрон ќе беше со најмногу освоени гласови. Објавена во саботата, новата анкета на Ипсос-Сопра Стериа спроведена за Ле Монд, Фондацијата Жан Жорес и Цевипоф открива дека шефот на државата ќе собере 25 отсто од намерите за гласање, пред Валери Пекрес (ЛР-Републиканци) и Марин Ле Пен (РН)националниот собир)) двете рамо до рамо со 15,5 отсто од намерите на гласачите.


Во вториот круг, претседателот во заминување би победил пред секоја од овие две кандидатки, со 54 отсто од гласовите против Валери Пекрес (46 отсто) и 57 отсто против Марин Ле Пен (43 отсто).

Испитувањето беше спроведено меѓу повеќе од 12.500 лица, и ова истражувањето е на иста линија како и многу други неодамнешни анкети. Сепак, со мал пад за Ерик Земур (Реконкет), чиј резултат не би надминал 13 отсто во првиот круг.

На левата страна, Жан-Лук Меланшон (ЛФИ – Бунтовна Франција) ќе биде на врвот на намерите за гласање со 8 отсто, пред Јаник Жадо (ЕЕЛВ-*Зелени, 7 отсто), поранешната министерка за правда на Франсоа Оланд Кристијан Таубира (5 отсто) и Ан Идалго (ПС-Социјалисти, 3,5 отсто). Но, оваа слабост на резултатите на левицата е придружена со силно двоумење меѓу нејзините различни кандидати. Околу 54 отсто од испитаниците кои рекле дека сакаат да гласаат за Жан-Лук Меланшон велат дека се сигурни во својот избор. Процентот паѓа на 36 отсто за Јаник Жадо, 30 отсто за Ан Идалго и 27 отсто за Кристијан Таубира.

Спротивно на тоа, 72 отсто од испитаниците кои би го избрале билтенот на Ле Пен се сигурни во својот избор. Процентот е 68 отсто за Емануел Макрон, 63% отсто за Ерик Земур и 47 отсто за Валери Пекрес.

Потенцијалните гласачи на Емануел Макрон би отишле, во случај на двоумење, до 40 отсто кон Валери Пекрес како втор избор. Оние на Валери Пекрес би биле 43% отсто за да се одлучат за актуелниот шеф на државата како втор избор, многу повеќе отколку за Ерик Земур (23 отсто) или Марин Ле Пен (22 отсто). Од своја страна, испитаниците привлечени од кандидатурата на Марин Ле Пен се 51 отсто кои ќе да го изберат Ерик Земур како втор избор. Оние кои се во искушение за вториот круг се 37 отсто да го стават кандидатот на RN како втор избор.

Намерите за гласање не претставуваат прогноза за исходот од гласањето. Тие даваат индикација за односот на силите и динамиката на денот на истражувањето. Ова испитување беше спроведено од 14 до 17 јануари со примерок од 12.542 запишани Французи на избирачките списоци, со маргина на грешка меѓу 0,2 и 0,9 поени.

22.01.2022 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега