Ангеловски: Истрошени сме, ама одиме на победа и прво место во Лига на нации

На официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации против Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа и напад на првото место во групата.

-Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први во Лигата на нации. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на Кипар и таму да решаваме за првото место.

-Втората можност пак да бидеме шампиони во ова натпреварување мора да не мотивира. Од утре настапуваме како репрезентација која настапува на ЕП и тоа мора со сите сили да го браниме. Секогаш има мотивации и сакаме да бидеме први во Лигата на нациите. Ќе се обидам да ја изнесам најдобрата тактичка определба според тимот на располагање. Доволно време сме заедно и добро знаеме што треба да направиме на теренот, истакна Ангеловски.

Натпреварот се игра утре во Скопје со почеток во 15 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега