Актерот веќе 3 години одбива да ја запознае својата ќерка: Секогаш игра улоги на грижлив татко, а никогаш не го видел своето дете

Поранешната девојка на Овен Вилсон го обвинила актерот дека никогаш не сакал да ја запознае нивната 3-годишна ќерка.

Како што пишува „Daily Mail“, Вилсон никогаш не остварил никаков контакт со својата ќерка, додека со синовите Роберт и Фин кој ги добил со две различни жени, има нормален однос.

„За жал, никогаш не ја запозна“, потврдила Варуни Вонгсвиратс, поранешната девојка на Овен, а претходно истакнала дека го преколнувала да го стори тоа, меѓутоа актерот одбивал.

„Помага финансиски, но никогаш не стануваше збор само за тоа. На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е како во филмовите глуми улоги на грижлив татко, а никогаш не ја сретнал сопствената ќерка“, заклучила Варуни.

За потсетување, Варуни и Овен беа 5 години во врска, а актерот во 2018 година направил тест за татковство кој потврдил дека тој е биолошкиот татко на малата Лајла.

14.10.2021 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега