Акциска контрола во угостителски објекти: Приведени неколку лица
Вчеравечер (18/19.07.) во периодот од 22.30 до 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од Државна пазарна инспекција, од Управата за јавни приходи, како и од Трудова инспекција, извршија акциска контрола по разни основи во доменот на институционалната надлежност во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициска станица Тетово.
При акциската контрола од аспект на работата на полициските службеници во еден угостителски објект на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово од слобода бил лишен А.О.(28) од Тетово, кај кого при преглед била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, поради непријавен престој во РСМ бил приведен и странски државјанин Г.И.(30) од Р.Албанија. Двајцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, и по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа