Адеми се извини, но не смета дека е виновен за вчерашното дивеење во Собранието

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми денеска изрази жалење  за вчерашниот инцидент во Собранието, но не чувствува лична вина за насилството од него врз колегите пратеници. Тој во изјава за „Слободен печат“ рече дека во Собранието не треба да се повторуваат вакви немили сцени и целата вина за инцидентот ја насочи кон Антонијо Милошоски и опозициските пратеници.

Според Адеми, тој бил на работното место како претседавач на комисијата, а Милошоски и другите опозициски пратеници го исклучиле тонот на микрофонот и како што вели, го загрозиле неговото присуство на работното место.

Адеми директно го обвини Милошоски дека под дејство на влијанија од странски служби ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Иако неколу пати беше прашан, Адеми не најде вина кај себе за вчерашниот инцидент.

 

28.06.2022 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега