Аца Лукас итно префрлен во болница

Српскиот пејач Аца Лукас попладнево итно е примен во болница, јавуваат српските медиуми. Според информациите кои добиле официјална потврда и од неговиот менаџер, пејачот останал да лежи во болница за понатамошни испитувања. Неговиот менаџер вели дека тој утринава почувствувал слабост поради што побарал лекарска помош. Според него, не станува збор за сериозна ситуација. Тој претпоставува дека пејачот се преморил во изминатиот период бидејќи имал премногу настапи.
„Примен е на гастроентерологија. Се префорсира. Оваа недела премногу работеше. Му дадоа витамински коктел и го задржаа на понатамошни проверки“ – изјавил неговиот менаџер Саша Марковиќ.

Аца Лукас минатата недела најави дека планира да настапи на фестивалот Беовизија и дека себе си се смета за идниот претставник на Србија на изборот за песна на Евровизија.

20.01.2022 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа