800 производи по пониски цени: Новогодишната кошничка започнува за два дена
Пред десетина дена премиерот Христијан Мицкоски најави новогодишна потрошувачка кошничка, а денеска информираше дека истата започнува за два дена.
-На мое големо задоволство, комапниите, трговците, приозводителите, дистрибутерите, бројката на приозводи ја зголемуваат и таа е 800 , не е 600-тини. Сите тие ќе бидат означени за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат. Очекувам семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на овие производи, истакна Мицкоски и додаде:
Започнува од 15 декември, за два дена. Очекувам позитивни ефекти и очекувам да биде што побогата за празниците потрошувачката кошничка на граѓаните за помалку пари. Тоа е наша цел и тоа е наша задача како Влда да го овозможиме“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа