75 возачи од Крива Паланка и Кратово казнети за брзо возење

Дури 75 возачи во Крива Паланка и Кратово возеле побрзо од дозволената брзина на патиштата.

-На подрачјата на  ОВР Крива Паланка и ОВР Кратово вчера преземени се мерки и активности и констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, еден возач управувал возило пред да се стекне со право за управување на моторно возило, а тројца биле под дејство на алкохол, велат од полицијата.

 Од сообраќај биле исклучени и четири возила поради непочитување на сообраќајните прописи. Санкционирани се и други 12 прекршоци.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега