5 природни „чистачи“ на организмот : Ослободете се од токсините, цревните паразити, масните наслаги

Двапати годишно би можеле да посегнете по природно решение кога станува збор за чистење на организмот.

Исхраната богата со заситени масти, јаглехидрати, конзерванси, адитиви, емулгатори, хемија, многу негативно влијае на целокупното здравје на човекот, па барем двапати годишно треба на природен начин да го исчистите организмот од собраните токсини и цревните паразити.

Не е потребно да посегнете по јаглен, сода бикарбона и многу медицински помагала, туку треба да ги пробате овие лековити билки и намирници:

1. Ѓумбир

Оваа лековита, зачински намирници содржи многу корисни состојки од кои најзначајни се: аспарагин, калциум, каприлна киселина, хром, холин, масти, растителни влакна, железо, манган, магнезиум, олеинска киселина. Поседува и моќно антиоксидантско детство, го јакне имунитетот, го чисти телото од паразити. Ѓумбирот е еден од најдобрите природни антибиотици.

2. Пелин

Билката која има моќно антипаразитско дејство, особено поради тујонот кој ги убива бактериите и патогените. Меѓу состојките кои ги содржи пелинот е и сантонинот. Штом ќе почувствувате симптоми на настинка или вирус, набавете си капки сладок пелин, а тоа може да го направите и доколку сакате детоксикација на организмот.

3. Зелен чај

Главниот терапевтски ефект на зелениот чај е зголемување на акумулацијата на витаминот Ц, спречува создавање на крвни згрутчувања, но ги чисти и цревата од токсини, па зелениот чај треба да го имаат сите луѓе во нивните домови.

4. Цимет

Циметот е ефикасен кај вирусите, воспаление на грлото, астма, спречува гасови, дуење, но ја чува и слузокожата на желудникот од паразити. Многу фитотерапевти препорачуваат користење на цимет за детоксикација на организмот.

5. Лук

Најмоќниот антибиотик секако дека е домашниот бел лук кој содржи азотни супстанции, витамини Ц, Д, Б, фитостерол, сумпорна киселина, алицин, натриум, калиум, селен. Алицинот е особено делотворен кај инфекции, елиминирање токсини од организмот.

24.01.2022 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа