42-годишен гостиварец украл пари од црква

42-годишен гостиварец бил уапсен од страна на тетовската полииција, бидјеќи бил обвинет дека украл пари од црква.

„На 19.09.2021 околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари“-се вели во соопш.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

20.09.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега