28 години од смртта на Душко Костовски

Денеска се навршуваат 28 години од смртта на Душко Костовски, македонски драмски, филмски и телевизиски артист. Роден бил во Дебар, во 28 мај 1930 година.

Неговиот лик како да беше создаден за во детските тв серии, драмите и филмовите во кои можеби помалку толкуваше главни улоги, но и оние малите ги правеше големи и забележителни, благодарение на неговата извонредна глума, талентот и шармантниот лик.

Публиката најмногу ќе го памети по: “Зрзе, зрзе, зрзе, а да не си од Марчино бе чорбаџи?!”

Актер кој секогаш умееше да го извлече максимумот во сите ролји – и мали и големи, и комични и трагични и фарсични и гротескни. Само актер со широко срце, со голема и искрена љубов кон професијата може да биде и да остане до крај на животот доследен на она што го создава.

21.01.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа