Засилени сообраќајни контроли: Одземени возачките на десет лица


Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-02, Кичево-01, Дебар-02. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

02.05.2024 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега