Тошковски во посета на ОВР Радовиш, ПС Стар Дојран, ПО Нов Дојран и ПК Богданци


Во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работни посети на Одделение за внатрешни работи Радовиш, Полициска станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран, Полициско одделение Нов Дојран и Полициска канцеларија Богданци.

„На подрачје на ОВР Радовиш безбедносна состојба е стабилна со солидна ефикасност на расчистени кривични дела и намалување на сообраќајни незгоди за 30%. Во однос на првиот круг од Претседателските избори 2024 евидентирани се 2 изборни инциденти и за истите е изготвена соодветна пријава. Од аспект на човечки ресурси има слаба пополнетост особено во делот на инспектори од криминалистичката полиција.

ПС за ГН и ГП Стар Дојран покрива 32 километри гранична линија од кои 13 километри се сина линија на дојранското езеро. Кадровската пополнетост и тука е на многу ниско ниво поради што има проблем во ефикасното постапување особено во летниот период кога има зголемена фреквенција на патници. Во делот на илегалната миграција се бележи драстично намалување.

ПО Нов Дојран покрива големо подрачје на кое живеат 3600 жители и во оваа организациска единица пополнетоста е алармантна на ниво од само 25%, што е сериозен проблем во летната сезона кога има голем број на туристи и зголемен број на настани.“м издвои министерот Тошковски.

На територијата која ја покрива ПК Богданци живеат 9700 жители и се соочуваат со недоволен број на полициски службеници, а во моментот немаат ниту едно возило.
Во иднина треба да се направи сериозна анализа за реструктуирање на овие мали организациски единици кои покриваат помали Општини, со цел да се овозможи ефикасно постапување на полицијата и во овие подрачја. 

01.05.2024 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега