Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.

Од МВР информираа дека вториот приведен е В.Т.(36) од Скопје.

Претходно Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец кој учествувал во кражбата.

Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

 

СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.

 

19.04.2024 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа