Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава


Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Мај, Денот на трудот.

Според него, единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.

За таа цел, како што потенцира Пендаровски, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

- Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на  синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план, нагласува шефот на државата.

01.05.2024 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега