Падна одлука: Нема пензионирање за Чесите на 65 години

Чешката влада денеска одобри реформи во пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намали износот на пензиите за идните пензионери.

Реформите се усвоени со цел да се заштедат милијарди долари од буџетски средства, а старосната граница ја поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум месеци, пренесува Ројтерс.

Исто така, пензиите за идните пензионери се намалени за околу осум отсто во однос на сегашниот износ на пензија.

Се додава дека како и многу други развиени земји, Чешката Република исто така се соочува со притисок врз нејзиниот фискален систем поради стареењето на населението, зголемувањето на животниот век и ниската стапка на наталитет.

„Овие промени ќе го спречат колапсот на пензискиот систем и ќе обезбедат достоинствени пензии за денешната млада генерација“, рече премиерот Петр Фијала.

Реформата што ја воведе чешката влада на десниот центар има за цел да го задржи просечното време што граѓаните го поминуваат во пензија на околу 21 година, што значи дека во иднина, заедно со промената на животниот век, ќе се промени и возраста за пензионирање, пренесува Танјуг.

30.04.2024 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега