Обид за убиство во училиште во Велика Британија, приведен тинејџер


17-годишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство, откако три лица беа повредени во средно училиште во Јужен Јоркшир, пренесе ДПА.

Едно дете било нападнато, а двајца возрасни се здобиле со полесни повреди во инцидент што се случил утрово во Академијата Бирли во Шефилд.

Полицајците од Јужен Јоркшир дошле местото на настанот откако одговориле на пријава за „инцидент со остар предмет во училиштето“ на Бирли Лејн.

Училиштето соопшти дека било затворено по инцидентот и дека „сите ученици и персонал се безбедни“ и никој не бил пренесен во болница.

Седумнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство и останува во полициски притвор.

 

Портпаролот на полицијата рече дека полицијата ќе остане на местото на настанот во текот денот за да ја гарантира безбедноста на оние во училиштето и локалната заедница.

 

01.05.2024 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега