Најмалку две лица загинаа во руските напади во Харков

Најмалку две лица загинаа, а шест беа ранети денеска во руските напади врз Харков, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

„Според првичните извештаи, две лица се убиени, а шест се повредени во нападите на Харков“, напиша Синегубов на Телеграм.

Харков, каде што живеат повеќе од 1,4 милиони луѓе пред војната и лоциран во близина на границата со Русија, се повеќе е цел на руските напади во последните неколку недели.

Во нападите значително беше оштетена електричната инфраструктура, поради што во градот беа воведени рестрикции за електрична енергија

30.04.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега