Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени


Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р'бетот на нашата економија, посочи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница, рече Мицкоски.

„Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.

Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!“, порача Мицкоски.

01.05.2024 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега