Цените на нафтата под 84 долари

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во четвртокот под нивото од 84 долари под влијание на сигналите од водечките производители дека може да ја намалат понудата во втората половина од годината и шпекулациите за полнење на стратешките резерви во САД.

На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за јулска испорака беше за 40 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 83,84 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 2,89 долари.


 

На американскиот пазар барелот за испорака во јуни денеска се тргуваше по цена од 27 центи повисока, по цена од 79,27 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 2,93 долари.

Трговците во средата ги вознемири неочекувано големиот раст на залихите на нафта во САД минатата недела, за дури 7,3 милиони барели, покажуваат податоците на Министерството за енергетика. Аналитичарите очекуваа многу поскромно зголемување од 1,1 милион барели

02.05.2024 - 18:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега